Скопје, 15 април 2020 (МИА) – На 14.04.2020 во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Козле“, го лишиле од слобода М.Т.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 14.04.2020 во 08.30 часот во Полициската станица Гостивар, од Ургентниот центар Гостивар било пријавено дека кај нив бил донесен повреден М.Д.(57) од Гостивар, кој со повредата се здобил при извршување на работни задачи во кланица. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
На 14.04.2020 во 13.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Климент Охридски“, во аптека, маскирано лице со закана со нож од вработената ги одзело парите од дневниот промет. По преземени мерки од полициски службеници, поради основано сомнение за извршување на споменатото кривично дело, биле приведени Р.А.(30), С.Ѓ.(20) и В.А.(20) сите од Штип, кои биле со возило „голф“, со штипски регистарски ознаки. При извршениот преглед кај Р.А. била пронајдена и марихуана. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 14.04.2020 во 13.30 часот во Полициската станица Центар И.Б.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.
На 14.04.2020 во 15.10 часот на ул.„Тодор Александров“ од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен А.П.(43) од Свети Николе, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 14.04.2020 во 13.10 часот во Полициската станица Гази Баба Н.М.(68) од Скопје пријавил дека на ул.„Перо Наков“ бил каснат од куче скитник во пределот на рацете.бт/