Утрински Весник
Македонија

Снег во Лазарополе, Маврово, Дебар, Крушево и Берово

Снег во Лазарополе, Маврово, Дебар, Крушево и Берово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Снежна покривка и темпратури под нулата се регистрирани во некои делови од земјава. Во текот на ноќта имавме облачно време со повремени врнежи од дожд кои наместа беа пообилни. Дуваше умерен до силен ветер од северен и северозападен правец. Облачно со врнежи од снег на Лазарополе, Тополчани, Битола и Берово. Утрово дожд врне во Д. Капија и Струмица.

Снежна покривка од 11 санитметри има во Лазарополе, 10 сантиметри во Дебар, девет во Маврови Анови, шест Пожаране и Крушево и два сантиметра во Берово.

Најниската темпратура утрово од минус четири степени е измерена во Лазарополе и Крушево. Нула било во Крива Паланка, Дебар, Битола и Прилеп, еден во Охрид и Берово, два во Тетово и Претор, три во Штип, четири во Скопје, Куманово и Демир Капија.

Врнежи се регистрирани насекаде, а според мерењата на УХМР имало 25 летри на метар квадратен во Виница, 20 во Лазарополе и Штип, 18 во Демир Капија, 15 во Струмица, 14 во Крива Паланка, Тетово, Пожаране и Скопје, 13 во Ѓуриште и Дебар, 10 во Крушево, девет во Беровож и Прилеп, осум во Куманово, шест во Тополчани, три во Охрид и два во Претор и Битола,

Претпладне променливо облачно наместа со повремен дожд на планините од снег. Од пладневните часови врнежите ќе се само на југоистокот и ќе престануваат, а облачноста ќе се намалува и ќе има почести сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен до северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервалот од 10 до 16 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно, од пладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Безживотно женско тело најдено во езерцето во паркот во Струмица

СДСМ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Уапсен 24-годишник на блокадата кај Пластичарска нападнал полициски службеник