Утрински Весник
Македонија

Во Пијанечко-малешевскиот регион зголемен бројот на лица во самоизолација

Во Пијанечко-малешевскиот регион зголемен бројот на лица во самоизолација
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Делчево, 14 април 2020 (МИА) – Зголемен е бројот на лица во самоизолација во Пијанечко-малешевскиот регион. Во четирите општини од најисточните краишта во државата во последното деноноќие се регистрирани вкупно 45 лица во самоизолација.

– Најмногу граѓани во самоизолација има во Македонска Каменица, вкупно 19 лица, во Делчево самоизолирани се 14 граѓани, следува Берово со девет граѓани во самоизолација, додека во најмалата општина на крајниот исток Пехчево има само тројца граѓани кои се во самоизолација, соопштија надлежните.

Последните информации покажуваат дека во изминатото деноноќие било претежно мирно кога е во прашање прекршувањето на полицискиот час.

– Досега вкупно 18 граѓани од Пијанечкиот регион се казнети за прекршување на мерките за ограничено движење за време на полицискиот час чија казна во парична вредност изнесува 36 илјади евра. Вкупно 1.100 евра е износот кој како казна треба да го платат четворица граѓани од Малешевијата за истото дело, покажува билансот на надлежните.

До денеска во четирите најисточни општини во државата нема позитивни случаи со Ковид-19. вс/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

Мицоски: За мене Македонија е свето име