Утрински Весник
Македонија

Шумската полиција во Штип за 10 дена фати две групи дрвокрадци

Шумската полиција во Штип за 10 дена фати две групи дрвокрадци

Штип, 14 април 2020 (МИА) – Припадниците на шумската полиција деновиве откриле две групи дрвокрадци во близина на Штип, кои за транспорт на огревното дрво користат стари возила без регистерски таблички.

Надлежните од Подрачната единица на шумската полиција од Штип до МИА испратија фотографии од двете акции, од кои едната се случила на 3 април во 21 часот за време на полициски час во месноста Суитлак.

д правец на Струмина чешма кон Штип се заловни две лицакако со патнички моторни возила „лада самара“ и „југо“  превезуваат ореови дрва сечени за огрев во количина од 0.7м/3. Од увидот кој е извршен од страна на шумска полиција Штип е констатирано дека дрвата се нежигосани и за истите не поседувааат документ за превоз. Возилата и дрвата се одземени, а  во едно од возилата е пронајдена и моторна пила, со која го сториле прекршокот. Моторната пила е одземена, а на прекршителите им се поднесени соодветни прекршочни пријави пред Основниот суд во Штип, велат од Шумската полиција-Штип.

Втората акција е спроведена во близина на селото Никоман. При редовна контрола шумските полицајци затекнале автомобил „лада рива“ и во моментот кога е забележано службеното возило на шумската полиција, лицата се дале  во бегство во непознат правец.

 По кратка потера, лицата не се пронајдени, а од извршениот увид на лице место констатирано е дека до автомобилот има исечено дабови дрва во количина од 2м/3, а  во возилото натоварено 0.7м/3 кои требало да се превезат до ШтипПоради ова одземено е патничко моторно возило и поднесена е пријава за непознати  сторители, велат надлежните од Шумската полиција.

Тие најавуваат интензивни контроли и во наредниот период и ги предупредуваат граѓаните дека секој што ќе биде фатен во нелегална сеча, ќе биде санкциониран.  вдј/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

И покрај сознанијата на Мицкоски за можна дестабилизација на државата, Давкова нема да го свика Советот за безбедност

“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА: Во четврток накратко во попладневните часови, особено во западните предели се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Седум активни пожари во моментов, шест под контрола