Утрински Весник
Македонија

Во Делчево ослободени од комунална такса корисниците на јавна површина пред угостителските објекти

Во Делчево ослободени од комунална такса корисниците на јавна површина пред угостителските објекти

Делчево, 14 април 2020 (МИА) – Делчевските советници едногласно ја усвоија одлуката со која се ослободуваат од плаќање комунална такса корисниците на простор пред деловните објекти. Во своето образложување од комисијата за финансии и локален економски развој, беше истакнато дека со оваа одлука се опфатени угостителските објекти (кафеани, кафулиња, гостилници и слично) и нивните истурени деловни места (бавчи и тераси).
-Ослободувањето од плаќање на оваа такса e  на предлог на градоначалникот Трајковски, а се однесува за месеците април и мај 2020 година. Согласно со евиденцијата на Општина Делчево, одлуката се однесува на 25 угостителски објекти, истакнаа од комисијата за ова прашање.
Опозициските советници на седницата побараа фирмите и граѓаните да бидат ослободени и од плаќање фирмарина и такса за комунални услуги за месеците април и мај, при што од претседателот на Советот Драган Маневски добија одговор дека дел од овие мерки веќе се предложени од негова страна до градоначалникот, а за истите ќе треба да одлучува и самата комисија со претходно направена анализа за опфатот и времетраење на мерките.
На денешната седница се донесе и одлука за општо ослободување од плаќање комунална такса за јавно ослободување на иматели на електрични броила за мерење електрична енергија.
-Согласно оваа одлука Општина Делчево ги ослободува од плаќање комунална такса за користење и одржување на јавното осветлување имателите на електрични броила за мерење електрична енергија без јавно осветлување лоцирани и поставени на придружни објекти во земјоделски површини вон мрежата за јавно улично осветлување, беше наведено во образложението во врска со одлуката.
Доколку во наредниот период се постави систем за јавно осветлување имателите на објекти на споменатите населени места согласни донесената одлука ќе бидат дополнително задолжени со наведената такса. вс/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ до Ахмети: Престанете да се криете зад маневри за ветинзи, доаѓа правда во Македонија

Унгарски телеком операрот изразува интерес да влезе на македонскиот пазар

Унгарски телеком операрот изразува интерес да влезе на македонскиот пазар