Утрински Весник
Македонија

Триста штипски социјално ранливи семејства ќе добијат прехранбени пакети

Триста штипски социјално ранливи семејства ќе добијат прехранбени пакети

Штип, 14 април 2020 (МИА) – Општина Штип доби донација од прехранбени продукти и средства за дезинфекција од општествено одговорната компанија КИТ-ГО.

На денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски информира дека околу 300 пакетите со овие продукти ќе бидат поделени на социјално загрозени семејства, по утврдени критериуми од општинските институции и Центарот за социјални работи во Штип. Социјалното ранливите семејства овие пакети ќе ги добијат денеска и во текот на утрешниот ден од страна на волонтерите.

Компанијата КИТ-ГО донира прехранбени производи и средства за дезинфекција во висина од над 140.000 денари што е за поздравување, сакам да ја изразам мојата благодарност до оваа компанија што покажала општествена одговорност во овие тешки времиња, кога реално на граѓаните им е потребна секаква поддршка и помош, вели Бочварски.

Тој апелира до секоја компанија и секој граѓанин кои се во можност во овие тешки времиња да донираат, со што, како што рече, ќе им излеземе во пресрет на граѓаните.вдј/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Талески: Има одговорност кај Гаши, но ВМРО-ДПМНЕ бара начин да ја заташка работата

Нацртот на Пол Вилијамс пристигна во Мала Речица – ДУИ со дискусија за предлозите кои ги содржи документот

Власта не се откажува од 78% повисоки плати – синдикатите бараат работниците да ги стигнат платите на функционерите