Утрински Весник
Македонија

За велигденските празници сончево и топло

За велигденските празници сончево и топло

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – За велигденските празници времето ќе биде сончево и топло со значителен пораст на дневната температура.

Од четврток температурите ќе бидат во пораст. Така, минималните температури ќе достигнат до 9 степени, а максималните до 27 степени. Најтопло ќе биде во сабота кога дневната температура ќе го достигне 27-тиот степен.

Синоптичарите уште за утре најавуваат променливо време со засилен северен ветер што ќе предизвика пад на дневната температура. Веќе од четврток ќе има промена на времето кон потопло. бак/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила