Утрински Весник
Македонија

Пожар после селото Возарци кон Тиквешко Езеро

Пожар после селото Возарци кон Тиквешко Езеро

Кавадарци, 13 април 2020 (МИА) –  Пожар избувна попладнево после  селото Возарци кон Тиквешко Езеро.

Од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци велат за МИА  дека горат нискостеблеста шума и трева. Веќе два часа огнот го гаснат осум пожарникари,  два тима со по четири пожарникари и две возила. Апелираат до населението за внимателност, се со цел превентивно да се влијае и да нема појава на пожари. свд/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со автомобил удрен малолетник во Кичево, кривична пријава за возачот

Македонската енергетика не страда од недостиг на ресурси, туку од вишок интереси

Додека Мицкоски „ќе чека со децении за ЕУ“ Софија тврди дека „Бугарија и Македонија немаат билатерален спор“