Утрински Весник
Македонија

Владата ќе се задолжи кај ММФ, парите ќе се искористат за мерките за здравствена и макроекономска стабилизација

ММФ ни одобри финансиска поддршка од 176 милиони евра

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Околу 176,7 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Република Северна Македонија ќе ги искористи за буџетски потреби во финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои произлегуваат од појавата на Ковид-19.

Како што соопшти владината прес-служба, денеска на седница на Владата е донесена Уредба со законска сила за задолжување на нашата држава кај ММФ за финансиска поддршка од Инструментот за брзо финансирање за време на вонредна состојба. бк/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична и притвор за насилници од Турција за напад врз доставувач во Скопје

Пропадна набавката за полициски униформи

Филмски омаж на Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето во Кинотека