Утрински Весник
Македонија

Се одложуваат постапките за престанок на договор за вработување или договор за продолжување на вработувањето на здравствен работник

Се одложуваат постапките за престанок на договор за вработување или договор за продолжување на вработувањето на здравствен работник

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Владата на предлог на Министерството за здравство денеска во рамки на 40.седница ја усвои Уредбата за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна состојба.

Со Уредбата, како што соопшти владината прес-служба, се уредува престанокот на вработувањето по сила на закон, со престанок на Договорот за вработување или Договорот за продолжување на вработувањето на здравствен работник односно здравствен соработник, поради возраст, се одложува за време на траењето на вонредната состојба, во случај на стекнување право на старосна пензија, кога ќе наполни 64 години за маж, односно 62 години за жена согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување за време на вонредна состојба, или кога ќе наполни 64 години, односно кога со писмена изјава до работодавачот побарал да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст согласно Законот за работните односи.

Согласно оваа Уредба, како што соопшти владината прес-служба, започнатите постапки за престанок на договор за вработување или договор за продолжување на вработувањето на здравствен работник, односно здравствениот соработник, поради возраст, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”