Утрински Весник
Македонија

Донирани 200 скафандери во здравствениот дом Крива Паланка

Донирани 200 скафандери во здравствениот дом Крива Паланка

Крива Паланка, 12 април 2020, (МИА) – Директорот на Здравствениот дом од Крива Паланка информираше дека благодарение на хумани и совесни сограѓани од Општината, добиена е донација од двесте заштитни скафандери.

– Во овие тешки моменти кога сите се бориме со невидливиот непријател Ковид-19, како директор на ЈЗУ Здравствен дом „Академик Проф. Д-р Димитар Арсов“ – Крива Паланка, упатувам благодарност до локалните бизнисмени од нашата општина за донацијата од пет апарати за концентриран кислород со кои се олеснува дишењето на пациентите. Исто така, информирам дека пристигнати се 200 скафандери, донација од семејството на доскорешниот пратеник, министер и наш сограѓанин, Љупчо Николовски. Помош која ни е од особено значење во делот на заштитата на нашите вработени. Овие донации се повеќе од значајни за нашиот здравствен дом, како и оние над 1000 заштитни маски кои беа донирани од страна на конфекциите од градот, рече Стаменковски.

Посочи граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните и да се придржуваат кон мерките, бидејќи само така, помагајќи си на себе, ќе помогнеме и на сите други во борбата со ова невидливо зло. ид/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ахмети: Пред 122 години на Илинден Македонците и Албанците беа заедно, сега сме едни наспроти други

Делегација на СДСМ предводена од потпретседателката Каја Шукова оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката

Бленди Ходаи: За Кочани ќе нема правда зашто институциите се фокусираа на контаминација на гневот и револтот на граѓаните