Утрински Весник
Свет

Коронавирус: Зошто Американците се снабдуваат со оружје?

52821099 303

Во продавницата „Greta’s Guns“ повторно одговара телефонска секретарка: „Поради голем број повици не можеме да се јавиме во моментов“. Во продавницата во местото Сими Валез во Калифорнија, во која се продава оружје, очигледно има работа преку глава. „И натаму на сила е нашето работно време. Најдобро ќе стапите со нас во контакт преку електронска пошта или преку Фејсбук Месинџер.“ И тоа е така во деновите во кои поголемиот број продавници ги затворија одамна вратите?

Алекс Вилануева, шериф во округот Лос Анџелес, всушност во средината на март објави дека мора да се затворат сите продавници кои не извршуваат функција за основни потреби на населението. Тогаш завладеа голема возбуда меѓу сопствениците на оружје и оние кои имаа намера да купат. И десетина дена подоцна Вилануева повторно се јави и им ја упати на граѓаните новата порака од американската влада: увозот, производството и продажбата на оружје се составен дел од основните потреби на населението, стоеше во соопштението.

Од избувнувањето на Ковид-19, во САД полиците во продавниците се празни, впрочем како и во другите земји во светот. Тоалетната хартија е барана (и ја нема) стока, тестените и оризот во многу продавници се распродадени. Стравот од неизвесната иднина сепак не ги натера Американците во големи количества да складираат дома само намирници и потреби за домаќинството, туку и оружје. И тоа е сега барано.

Coronavirus USA Waffenladen (picture-alliance/Zuma/Tns/C. Trainor Jr)
На неговата интернет продавница поголемиот број од оружјето е веќе распродадено, последната објава на Фејсбук е всушност најава дека работното време ќе биде скратено. „Не можеме во ова лудило да ги исполниме сите желби на купувачите, и сега мораме да се погрижиме повторно да ги пополниме нашите залихи и да ги обработиме барањата. Под „барања“ се мисли, меѓу останатото, на проверките врз основа на кои се донесува одлука дали некој смее да купи оружје или не смее. Притоа, личните податоци на потенцијалните купувачи се споредуваат со податоците од една база на податоци во која се регистрирани престапите на граѓаните и други лични информации.
Повеќе можете да прочитате ТУКА
Извор: dw.com

Можете да прочитате

Возач бегајќи од полицијата се забил во продавница во трговски центар во Тексас, ранил петмина и бил застрелан

Кина го нарече Тајван „црвена линија“ и ја осуди новата американска воена помош за островот

Трамп сака членките на НАТО да трошат пет отсто од својот БДП за одбрана