Утрински Весник
Македонија

Пронајден мртов маж во Кочани, се испитуваат причините за смртта

Пронајден мртов маж во Кочани, се испитуваат причините за смртта

Кочани, 12 април 2020 (МИА) – Маж на возраст од педесетина години претпладнево е пронајден мртов во неговиот дом во Ромското Маало во Кочани.

Починатиот живеел сам, а случајот во полиција го пријавиле соседите, по што набргу пристигнале полициски и медицински екипи, а известено и Основното јавно обивнителство. Констатирано е дека врз телото нема траги на насилство, а лицето имало срцеви проблеми.

Во моментот се врши увид и се очекува да се земе брис за утврдување на присуство на коронавирусот.

Од Кризниот штаб на Кочани го потврдија случајот, а повеќе информации од официјалните служби се очекуваат во текот на денот. та/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание