Утрински Весник
Македонија

МВР: Приведени 121 лице поради непочитување на забраната за движење

МВР: Приведени 121 лице поради непочитување на забраната за движење

Скопје, 12 април 2012 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 138 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 121 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Исто така, се наведува во соопштението, според статистичките податоци, на 77 лица им се издадени решенија за изолација, а 335 лица потпишале изјави за самоизолација.-

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката, се додава во соопштението на МВР. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

Левица: ДПМНЕ ги штити двојните државјанства во Владата –за чии интереси работат нивните министри

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ гласаше против македонско државјанство за функционерите, а „за“ нов долг од 260 милиони евра