Утрински Весник
Спорт

Нејмар, Мбапе, Ди Марија, дел од тимот на сезоната во Лига 1 според „Л’Екип“.

Реал го нуди Бејл и 90 милиони евра за Нејмар, тврдат во Каталонија

Париз, 11 април 2020 (МИА) – Францускиот весник „Л’Екип“ го објави симболичкиот тим на најдобри играчи во тековната сезоната на Лига 1.

Во тимот се четворица фудбалери на ПСЖ, тројца од Ремс, два од Лил, и по еден од Монако и Стразбур.

Голман: Предраг Рајковиќ (Ремс);

Одбрана: Мохамед Симакан (Стразбур), Габриел (Лил), Јунис Абделхамид, Хасан Камара (и двајцата од Ремс);

Среден ред: Ренато Саншеш (Лил), Марко Верати, Анхел Ди Марија (двајцата од ПСЖ);

Напаѓачи: Нејмар, Килијан Мбапе (двајцата од ПСЖ), Висам Бен-Једер (Монако).

Тренер е Томас Тухел, кој го предводи ПСЖ. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност