Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Уставниот суд ја разгледува одлуката за распуштање на Собранието

Уставниот суд не поведе постапка за амнестијата за „27 април“
300x250 opst2

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија денеска се најде пред Уставните судии, но врз основа на дискусиите на судиите, како и поради значењето на предметот седницата ќе продолжи во наредните денови, информираат од Уставниот суд.

– Уставниот суд на Република Северна Македонија, денеска одржа седница на која единствена точка на дневниот ред беше разгледувањето на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/2020). Врз основа на дискусиите на судиите, како и поради значењето на предметот, се зазеде став седницата да продолжи во наредните денови за што јавноста ќе биде известена навреме, стои во соопштението од Уставниот суд.

Од Уставниот суд информираат дека и во услови на вонредна состојба продолжува да ги извршува своите уставни надлежности и ја следи и анализира состојбата со донесувањето на уредбите со законска сила од страна на Владата на Република Северна Македонија. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Марјан Даскаловски е човек од народот, теренец и докажан работник за Струмица

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Доаѓа влажен бран во нашата Македонија, температурите повторно ќе паѓаат