Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Гевгелија ќе се доставуваат прехранбени артикли за време на полицискиот час 

Во Гевгелија ќе се доставуваат прехранбени артикли за време на полицискиот час 
Img 7972

Гевгелија, 8 април 2020 (МИА) – Супермаркетите „Солун 53“, „Гушев маркет“, „Сорита“ и „Года“ се одзваа на повикот од Општинскиот кризен штаб да организираат достава на неопходни прехранбени артикли во времето забрането за движење на граѓаните. 

Од ОКШ Гевгелија соопштија дека овие супермаркети нарачки ќе примаат по телефон и дека ќе ги доставуваат до граѓаните почнувајќи од денеска, утре и во петок од 16 до 20 часот, а во сабота и недела во времето од 10 до 18 часот. 

Економските оператори од своите вработени ќе формираат служби за достава, кои ќе ги примаат нарачките на дежурните телефони и ќе ги испорачуваат на адреса на нарачателот. 

Во Миравци, служба за достава ќе има продавницата „Холивуд“, а во Мрзенци нарачки за време на забраната за движење ќе доставува продавницата „Тас-Ком“. 

Со организирана редарска служба и примена на заштитните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, утре, во времето од 9 до 14 часот ќе работи и Градскиот пазар во Гевгелија само за продажба на земјоделски производи и цвеќе. им/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи