Утрински Весник
Македонија

Гостиварскиот центар за јавно здравје повторно ќе работи, тестовите на вработените негативни

Гостиварскиот центар за јавно здравје повторно ќе работи, тестовите на вработените негативни

Гостивар, 8 април 2020 (МИА)Постојат големи изгледи гостиварскиот центар за јавно здравје од утре повторно да биде отворен. Конечната одлука треба да ја донесат здравствените власти во текот на денот. Од петокот, превентивно вработените беа во домашна изолација. 

Ваквата најава за МИА ја потврдија вработени во центарот, откако стигнале последните резултати на тестовите. Дополнителните тестирања на дваесетината вработени во гостиварското одделение на Центарот за јавно здравје се покажале како негативни со што се исполнува еден од условите за нивно враќање на работа. 

Епидемиолошката служба земањето на брисови ќе го прави во одвоен дел, кој се наоѓа во некогашното одделение за хемодијализа. Вториот пункт се очекува да биде отворен деновиве во објект на здравствениот дом познат како „трудова медицина. 

Работењето на гостиварскиот центар за јавно здравје беше отежнато откако на прв тест, медицински техничар во епидемиолошкото одделение се покажа како позитивен на корона тест. За да се спречи евентуално ширење на вирусот, здравствените власти го затворија, а вработените испратени во домашна изолација. згм/ир 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”