Утрински Весник
Македонија

Пазарот во Ново Село повторно се отвора

Пазарот во Ново Село повторно се отвора

Струмица, 8 април 2020 (МИА) -Од утре, кога е пазарен ден во општинскиот центар Ново Село, повторно ќе биде отворен зелениот пазар, но со рестриктивни мерки за спречување на ширење на коронавирусот, соопштија од општина Ново Село и ЈПКД „Комуна“.

-На пазарот ќе биде дозволено само продавање на храна, односно на земјоделски производи за да можат граѓаните да се снабдат со основните продукти. На продавачите на текстил, облека, обувки и слично им се забранува продавањето на пазарот, стои во известувањето.

Продавачите на пазарот ќе бидат распоредени на препорачаното растојание, а се апелира до граѓаните да излезат на пазар само по потреба, да носат заштитни маски по можност и да избегнуваат пазарење во групи, односно да оставаат доволно растојание помеѓу луѓето при пазарење.

Во овој период на рестриктивни мерки организирањето на сточниот пазар во Ново Село е забрането. рт/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Томовски: Во службените возила ќе се вметне и ГПС со цел зголемување на транспарентноста и контролата

ВЛЕН: Кога ДУИ зборува за ЕУ, граѓаните се потсетуваат на Груевски и Мијалков

Во Македонија има 174 пациенти кои имаат потреба од хормонот за раст – нема листа на чекање