Утрински Весник
Македонија

Владата донесе Уредба за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата во јавниот сектор

Од 37 седница на Влада: Донација на медицинска опрема од Турција, уредба за ограничувањето на исплатата на додатоци и надоместоци на плата во јавниот сектор, усвоена информација за апликацијата „StopKorona!“

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Владата донесе Уредба со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

Со оваа уредба со законска сила се уредува ограничувањето на исплатата на додатоци и надоместоци на плата на вработените во органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, културата, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот и во институциите кои вршат работи од јавен интерес утврден со закон, а се организирани како агенции, фондови, регулаторни тела со јавни овластувања утврдени со закон, јавни установи и јавните претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од Градот Скопје и од општините во Градот Скопје и акционерските друштва во целосна сопственост на државата, за време на траење на вонредната состојба.

На вработените опфатени со оваа уредба со законска сила не им се исплатуваат додатоци и надоместоци на плата согласно закон и колективен договор, за време на траење на вонредната состојба.

Одредбите од оваа уредба со законска сила не се однесуваат на медицинскиот и помошно-технички персонал во јавните здравствени установи, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македонија. ир/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово