Утрински Весник
Македонија

ОЈО Делчево бара казни од по 2 000 евра за четири лица за непочитување на мерките против коронавирусот

ОЈО Делчево бара казни од по 2 000 евра за четири лица за непочитување на мерките против коронавирусот

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Делчево до Основниот суд Делчево поднесе предлози за издавање казнени налози во висина од по 2 000 евра за едно лице што не спровело самоизолација и три лица кои не го почитувале полицискиот час.

– Едно лице е обвинето за кривичното дело бидејќи не ги почитувал наредбите за спроведување задолжителна самоизолација. За време на периодот од 14 дена во кој не требало да го напушти престојувалиштето, обвинетиот не бил пронајден при вршење на контрола, информираат од ОЈО.

Три лица се товарат дека не постапиле согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.

За сите обвинети лица, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 2000 евра во денарска противвредност.​ аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска: Се гази интересот на дете, мајката Невена беспомошна пред системот

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

Интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд на 9 јули ќе се најде на собраниска седница