Утрински Весник
Македонија

Јанковиќ: Да извлечеме поука од оваа криза и научените лекции да се имплементираат во идните планирања

Јанковиќ: Да извлечеме поука од оваа криза и научените лекции да се имплементираат во идните планирања

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Не пости кристална топка за да се предвиди криза, но постојат алатки како што е стратешка анализа и проценките на разузнавачките служби на НАТО кои се ажурираат секоја година, нагласи полковникот Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во нашата земја на онлајн дискусија на тема „Глобалните закани, ризици, предизвици, можности и членството во НАТО“, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје и Американскиот центар за образование .

Според него, треба да се споделуваат сознанијата за идната безбедносна состојба и тоа не само за година-две туку за повеќе декади пред нас.

-Евалуацијата на заканите во социјалната, политичката и технолошката област е со најголем импакт врз нашата национална безбедност. Најважно е да се утврди интеракцијата меѓу тие закани и можните ситуации на нестабилност, како  и можните воени импликации. Кога се однесува на такви ситуации на нестабилнст, во минатото бевме повеќе фокусирани на конвенционата и хибридната војна. Ги занемаривме и ги запоставивме другите можни ситуации како пандемските болисти и оружјата за масовно уништување, истакна Јанковиќ.

Нагласи дека постојат закани против кои не можеме да се бориме со оружје како во ситуација со пандемската болест со која се соочува целиот свет.

-Има различни сценарија и преку нив се подготвууваме преу процесот за планирање на НАТО и какви се капацитети се потребни за справување со кризата, појасни шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Северна Македонија.

Потесети дека беше планирано да се направи НАТО вежба во Охрид, односно координативна вежба за брз одговор на несреќи.

-Вежбата е одложена за наредната година, но постои можност за проектирање преку вистинската криза дали нашите планови се ефикасни, дали можат да се ивршат и дали имаме ресурси за справување со вакви закани како што е пандемската болест, додаде Јанковиќ.

Тој порача да се извлече поука од оваа криза и научените лекции да се имплементираат за развој на идните планови кои треба да се реално изводливи и да се поткрепени со ресурси. Јанковиќ нагласи дека од голема важност е да се подготви нова национална безбедносна стратегија и дека ова е прилика да се започне од почеток, земајќи ја во предвид секако новата безбедносна средина и фактот дека Северна Македонија е нова земја членка на НАТО со сите бенефити и обврски. бк/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути