Утрински Весник
Спорт

Морати: Меси во Интер – не е потполно невозможен сон

Фабрегас: Меси ќе игра до 40 години

Милано, 6 април 2020 (МИА) – Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати го сподели своето мислење за можноста клубот од Милано да го донесе напаѓачот за Барселона, Лионел Меси.

– Не мислам дека ова е целосно невозможен сон. Меси го завршува договорот и сигурно ќе се обиде да се врати дома. Не знам дали ситуацијата ќе се промени, но мислам дека ќе видиме неверојатни работи на крајот на годината, изјави Морати.

Оваа сезона, 32-годишниот Аргентинец, одигра 31 натпревар за каталонскиот клуб, постигна 24 голови и оствари 15 асистенции.

Во текот на сезоната Меси имаше конфликт со дел од раководството на Барселона и неговото останување во клубот за идната сезона не е сигурен. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност