Утрински Весник
Спорт

Шесткратната светска шампионка, Сјуневе Сулемдал ја заврши кариерата

Шесткратната светска шампионка, Сјуневе Сулемдал ја заврши кариерата

Осло, 6 април 2020 (МИА) – Норвешката биатлонистка Сјуневе Сулемдал објави завршување на професионалната кариера.

– Презадоволна сум од тоа што го постигнав. Сега мило ми е што решив да си заминам, иако е многу емотивно. На есен ќе бидам студент со полно работно време. Јас едвај чекам да учам, отсекогаш бил мој сон.

Главниот момент на мојата кариера е златото на Светското првенство во Осло 2016 година. Беше совршен ден. Таа сезона ниту еднаш не се искачив на подиумот пред Светското првенство, изјави Норвежанката.

Сулемдал (31) е шесткратен светски шампион, има и бронзен медал на Светското првенство (сите во штафетни трки), победничка и медалистка на Светскиот куп во лични и штафетни трки. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026