Утрински Весник
Македонија

Миење и дезинфекција пред здрвствените установи во Карпош

Миење и дезинфекција пред здрвствените установи во Карпош

Скопје, 6 април 2020 (МИИА) – Комуналните служби на Општина Карпош утринава миеја и дезинфицираа на паркинг просторот и платото пред Поликлиниката „Букурешт“, Итната медицинска помош и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле.

– Овие здравствени установи се на територија на Карпош и тука секојдневно циркулираат повеќе граѓани. Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за миење и дезинфекција на локални улици, фреквентни места и урбана опрема, како и влезови од згради, информираат од прес-службата на Општина Карпош.

Оттаму ги повикуваат граѓани да се придржуваат до препораките за заштита од коронавирус. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче