Утрински Весник
Македонија

И денеска забрана за движење од 16 часот

И денеска забрана за движење од 16 часот

Скопје, 5 април 2020 (МИА) – Забраната за движење на населението и денеска почнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро. Забраната за движење во викенд е согласно одлуката на Владата што се применува од минатата недела. Полицискиот час во текот на работните денови почнува од 21 часот, а за возрасните лица секој ден од 11 часот, децата до 18 години имаа ограничено движење од 12 часот.

Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се приспособат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.

Од забраната се изземени земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници. Другите земјоделци, од останатите подсектори (сточари, овоштари, поледелци) ако имаат неодложни активности поврзани со земјоделското производство за време за забрната за движење, треба телефонски да се јават во подрачните единици на Министерството за дозвола.

Производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени. Согласно заклучокот на Главниот координативен кризен штаб, работниците во време на забраната за движење ќе може да се упатуваат на своите работни места исклучиво со посебни дозволи за вршење сменска и ноќна работа.

Сите претходно донесени забрани и ограничувања, остануваат во сила.

Одлуката Владата ја донесе на својата 28-ма седница, одржана на 25 март, во насока за спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид 19. Ова е втор викенд во кој се применува.скс/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа