Утрински Весник
Економија

Министерот Елвин Хасан оствари телефонски разговор со министерката за трговија на Турција

Министерот Елвин Хасан оствари телефонски разговор со министерката за трговија на Турција

Скопје, 4 април 2020 (МИА) – Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан во насока на задржување на комуникацијата со Република Турција во новонастанатата ситуација со коронавирусот оствари телефонски разговор со министерката за трговија на Република Турција, Рухсар Пекџан со цел негување на традиционално добрите односи помеѓу двете земји, соопштуваат од неговиот Кабинет.

Во соопштението се наведува дека  при разговорот е констатирано дека пандемијата довела до промени во функционирањето на системот, но соработката помеѓу двете земји треба да остане врвна како и до сега. Заклучено е дека заеднички ќе се работи на решавањето на тековните проблеми и се разговараше за потребата од медицинска опрема, маски, ракавици, респиратори и за нивното снабдување.

Искажана е заемна поддршка и солидарност од двете страни и волја за продолжување на соработката.

Традиционално добрите пријателски односи помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија продолжуваат и за време на глобалната криза. Република Турција останува силен сојузник и поддршка на нашата земја,стои во соопштението.скс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во април раст на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, намален кај горивата

Перински: Модерни и развиени општини значат конкурентна економија

УЈП: Истекува рокот за проверка и потврда на годишните даночни пријави за остварените приходи за 2025 година