Утрински Весник
Македонија

Во функција три пункта за дезинфекција на возила во Крива Паланка

Во функција три пункта за дезинфекција на возила во Крива Паланка

Крива Паланка, 4 април 2020 (МИА) – Во општина Крива Паланка се поставени и ставени во функција три пункта за дезинфекција на возила на влезовите и излезот од општината и клучката со магистралниот пат А2, Куманово-Крива Паланка кој воедно е дел од магистралата од Коридор-8, која води и кон граничниот премин со Репблика Бугарија, Деве Баир.

Од локалната самоуправа посочија дека ова е дополнителна заштита на сите кои влегуваат и излегуваат од Крива Паланка поради секојдневните обврски, пред се добавувачи на храна, хигиена и лекови, како и автопревозниците.

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски уште еднаш апелираше граѓаните кои патуваат со моторни возила, задолжително, покрај дезинфекција на овие пунктови, да вршат и сами редовна дезинфекција на сопствените возила, но и да ги почитуваат сите останати препораки од Владата и Министерството за здравство.

Досега кај две лица, жители на Крива Паланка е потврден вирусот Ковид-19, а двата случаја се лица кои престојувале во Државниот завод за рехабилитација – Козле, во Скопје. Кај едното лице, прв случај на Ковид-19 во Крива Паланка вирусот бил потврден за време на неговиот престој во „Козле“, по што е префрлен на Инфективната клиника, додека другото лице е тестирано и пуштено во домашна изолација, а резултатите покажале дека е позитивен. Ова лице се наоѓа во домашна самоизолација, а вчера, градоначалникот Мицевски и лица од ОО Црвен крст му доставиле пакети со храна и хигиенски средства.ид/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Првата група студенти го заврши првиот циклус по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана

Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница

Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство