Утрински Весник
Спорт

Лацио му нуди нов договор на тренерот Инзаги

Во Италија тврдат: Симоне Инзаги ќе биде новиот тренер на Јувентус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рим, 4 април 2020 (МИА) – Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито ќе се сретне со тренерот Симоне Инзаги на средба на која ќе се разговара за нов договор за 43-годишниот фудбалски стручњак.

Договорот се очекува да биде со важност до јуни 2025 година. Платата на Инзаги е три  милиони евра по сезона плус бонуси.

На 1 март Лацио се искачи на врвот на табелата во Серија А, откако го победи натпреварот од 26-то коло на италијанскиот шампионат против Болоња (2:0). Последен пат римскиот клуб беше во водство во лигата кога стана шампион во сезоната 1999/2000.

Во моментот на прекинот на Серија А, поради пандемијата, Лацио беше на второто место, еден бод зад лидерот Јувентус. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место

Лазаров означи старт на подготовките за ЕП: Спортски е да се надеваме на успех