Утрински Весник
Македонија

Објавени дежурните аптеки во Куманово, дистриубирани пакети за ранливите категории

Објавени дежурните аптеки во Куманово, дистриубирани пакети за ранливите категории

Куманово, 4 април 2020 (МИА)Општина Куманово објави информација за дежурни аптеки кои работат за време на полицискиот час во Куманово. Денеска и утре од 08:00 – 15:00 часот, работат аптекитеПЗУ Аптека Еурофарм број.1, Плоштад Нова Југославија бр.2  (стара градска аптека) , 071/291-851ПЗУ Аптека Про Виталис, улица. „11 Октомври“  број.45, 072/227-077 и 031/415-303ПЗУ Аптека Куманово 2, улица „Христијан Тодоровски Карпош“ 35 (аптека Зегин кај пазарот зад Лукоил), 075/918-659.
Општина Куманово, информираше дека денеска тимови од Општински штаб за заштита и спасување и Црвен крст, дистрибуираа пакети на социјално загрозени семејства, со прехранбени производи и пијалоци, средства за лична заштита, хигиена и дезинфекција.
– Производите се обезбедени преку Локален социо – економски совет донација од општествено одговорни фирми: Центробизнис Куманово, Арди Фреш – Куманово, Фима Вест-Куманово, Алкалоид – Скопје, Мусли Маркет -Куманово, Елида Куманово, Селман Туризам-Куманово, Пивара Скопје-Скопје, Ќошар -Куманово, Кима Ком Куманово, Мит Груп – Куманово, Бентон – НИ – Куманово, Тиди – Куманово, Салса – Куманово, Реџија ДОО Куманово, Коримпекс Шус Куманово, ИН-Пошта–Радевски Куманово,  НТК- Макс Куманово, ДЕ- МАРКО Куманово, Анстасија Шус Куманово, Дизајн Текст Куманово и Босут Куманово, Делукс компијутери Скопје, УПМ Груп Скопје и Рапид Билдинг Скопје.
-Благодарност до сите фирми за оваа донација се вели во објавата на Општината.ам/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата