Утрински Весник
Македонија

Зелените пазари во Крива Паланка и Кратово работеа согласно мерките за заштита на населението

Зелените пазари во Крива Паланка и Кратово работеа согласно мерките за заштита на населението

Крива Паланка, 4 април 2020 ( МИА) – Со сите мерки за заштита и одржување прописно растојание помеѓу продавачите, без гужви, помина денешната работа на отворениот зелен пазар во Крива Паланка и затворенито пазар во Кратово.

На пазарот во Крива Паланка со кој стопанисува јавното претпријатие „Комуналец” од Крива Паланка беше дозволено да се продаваат само земјоделски производи  од регионот на Крива Паланка и соседната општина Ранковце.

Продажбата на производи се вршеше исклучиво во затворениот дел на градскиот пазар, каде може да се контролира влезот на потрошувачи. Сите продавачи на артикли се придржуваа до упатството за минимална оддалеченост на тезгите од два метра, а се пропушташе по еден купувач на тезга. Продавачите задолжително носеа заштитни маски и ракавици, а забрана за продажба на останати продавачи кои доаѓаат од други градови и за друг тип артикли ќе биде на сила се додека трае вонредната состојба, информираат од ЈП „Комуналец“, Крива Паланка.

И на пазарот во Крива Паланка и во Кратово покрај заштитните маски и ракавици и ограничениот проток на купувачи, како мерки за заштита беа поставени и дезинфекциони средства на влезовите.ид/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата