Утрински Весник
Македонија

Вработена во Поликлиниката Чаир позитивна на коронавирус, извршена дезинфекција на објектот

Вработена во Поликлиниката Чаир позитивна на коронавирус, извршена дезинфекција на објектот

Скопје, 4 април 2020 (МИА) – Вработена во Поликлиниката Чаир е заболена од коронавирус и веднаш е ставена во изолација, по што е извршена дезинфекција на објектот,  потврди денеска директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски.

Посочи дека досега во Здравствен дом Скопје со коронавирус се заразени вкупно четворица вработени.

– Во Здравствен дом Скопје дијагностицирани се позитивни тестови на четири лица и тоа телефонистка од Поликлиниката Чаир, медицинска сестра од Поликлиниката Ченто, возач на Итната медицинска помош, како и медицинска сестра од Домашната посета. За сите овие лица е одреден домашна изолација и земена е епидемиолошка анкета, рече д-р Исјановски.

Додаде дека дезинфекција е извршена и во останатите поликлиники, како и во Итната медицинска помош, а одлучено е вработените во Домашна посета покрај останатата заштитна опрема да носат и скафандери. рп/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата