Утрински Весник
Македонија

КЈП „Водовод“ ги дезинфицира улиците во населените места во општина Кочани

КЈП „Водовод“ ги дезинфицира улиците во населените места во општина Кочани

Кочани, 3 април 2019 (МИА) – Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани од денеска ги проширува активностите за дезинфекција на сообраќајниците и јавните простори со редовно прскање на улиците и во населените места во општината.

Цистерните ги миеја улиците во селата Тркање, Бели, Горни и Долни Подлог, Мојанци и Прибачево, а во наредните денови со акцијата ќе бидат опфатени и другите населени места.

– Дезинфекцијата ја спроведуваме континуирано, според подготвен распоред. Утре ќе се дезинфицира во Оризари и во централното градско подрачје, а в понеделник продолжуваме со периферните делови од градот, истакна Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“.

Одговорните од „Водовод“ ги повикуваат жителите од сите населени места совесно да се однесуваат и да ја одржуваат јавната чистота, како и целосно да се придржуваат кон мерките и препораките за спречување на ширење на болеста КОВИД-19.

Паралелно со активностите поврзани со вонредната состојба со пандемијата,    службите од „Водовод“ работат и на изградба на водоводна, атмосферска и отпадна канализација во населбата Прокарка. Вработените во работната единица „Паркови и зеленило“ го уредуваат коритото на Кочанска Река, а работници и механизација од Секторот за комунална хигиена ги отстрануваат дивите депонии во населбата Трајаново Трло, кај Фабриката за вода и во близината на Градската депонија. та/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Не очекувам поинаква реторика од источниот сосед, светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари

Муцунски: Во 21-ви век нема место за национализам во Европа – идентитетот е основно човеково право и не е тема за преговарање

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ, претставува опасност да ги зафати околните шуми