Утрински Весник
Македонија

Во болницата во Куманово заболени 11 здравствени работници

Кумановската болница набави нови апарати со сопствени средства

Куманово, 3 април 2020 (МИА) – Во кумановската болница има 11 здравствени работници позитивни на коронавирусот.

Директорката на болницата Снежана Захариева за МИА изјави дека од вкупно заболените двајца се доктори, тројца се ренген техничари, три се сестри на Одделението за хирургија, две се сестри на Инфективното одделение и една медицинска сестра од Одделот за неонатологија.

– Министерството е информирано за оваа ситуација и е побарана помош за организација на работењето на болницата, вели Захариева. ам/бак/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Настраданите во сообраќајката во Словенија се од општина Ценар Жупа

ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВЛЕН во „Бардовци“

Лефков: Дали Филипче се загрижи за личните интереси во врска со дата центрите па затоа шири паника