Коронавирусот комплетно го промени начинот на кој фунцкионира светот и никој не е поштеден. И нашата земја како дел од глобалната криза која го зафати светот, покрај здравствените се соочува и со економски предизвици.
Владата на Република Северна Македонија донесе втор сет на економски мерки, вреден 200 милиони евра, кој има јасна цел – да се ублажи економскиот удар од корона вирусот и да им се помогне на граѓаните, на работниците, на компаниите, на сите на кои им е загрозена финансиската состојба.
Со цел да се зачуваат што повеќе работни места, Владата предводена од СДСМ, обезбедува директна помош во исплата на месечен приход-плата за месеците април и мај при што опфатени се околу 250.000 работници и околу 35.000 компании, кои имаат директна штета од коронавирусот.
Истовремено, Владата донесе и одлука за забрана за нови вработувања и нови ангажирања во јавниот сектор. Донесена е и одлука, сите средства од заштеда од непродуктивните трошоци да се пренаменат за справување со здравствено-економската криза.
За спортските работници вработени во спортските здруженија, како и самостојните уметници е обезбедена минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.
Граѓаните што останале без работа ќе земаат 50% од просечната плата што ја имале кога биле вработени. Додека пак, лицата од неформалната економија кои останале без приходи се обезбедуваат по по 7000 денари помош од државата за месеците април и мај. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 20.000 нови домаќинства, кои веднаш ќе влезат во системот на социјална заштита, како и 30.000 веќе постоечки корисници.
Ова е тежок период за сите нас, но само заедно, сплотени и солидарни можеме да ја победиме оваа криза. За таа цел се формира и солидарен фонд за помагање на здравјето на граѓаните и други социјални потреби на граѓаните.
Затоа веруваме дека сите заедно и овој пат ќе успееме да се избориме и со здравствената и со економската криза!
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.