Утрински Весник
Македонија

Надминат проблемот со водата за пиење од водоводот Лукар

Корисниците од комплексот Настел утре без вода

Кавадарци, 3 април 2020 (МИА) – Надминат е проблемот со водата за пиење од регионалниот водовод Лукар која беше заматена поради дожд и топење на снегот и според препораките на надлежните, требаше да се преврива пред употреба.

– Од Центарот за јавно здравје Кавадарци не известија дека резултатите од последните земени мостри на водата за пиење од градскиот водовод Лукар, како физичко-хемиски, така и бактериолошки се исправни, односно водата е безбедна за пиење, информираа од јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци.

Бидејќи водата е во нормална состојба, препораката за превривање на водата се укинува. свд/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Осуммина уапсени за милионски криминал со операции на очи: Оштетени до 4.000 пациенти, ФЗО за 1,7 милиони евра

Претрес во Валандово, пронајдена дрога, уапсени две лица

Бујар Османи од Париз: Европската перспектива на Северна Македонија и Охридскиот договор во фокусот на средбите во француските институции