Утрински Весник
Македонија

Викендов нема скијање на битолскиот ски-центар Нижо Поле

Викендов нема скијање на битолскиот ски-центар Нижо Поле

Битола, 3 април 2020 (МИА) – ЈП „Стрежево“-Битола кое стопанисува со ски-центарот „Нижо Поле“, кој се наоѓа над истоименото наслено место, соопштува дека викендов нема да биде дозволено скијање во зимско-туристичкиот центар.

Од претпријатието посочуваат дека и покрај новиот снег и високата снежна покривка, сепак заради заедничката битка против ширењето на вирусот КОВИД-19, скијањето нема да биде дозволено, ски лафтовите и чајџилницата нема да работат, а нема да бидат подготвени за скијање ниту ски патеките.

-Едноставно, ги замолуваме љубителите на скијањето овој викенд да останат дома, истакна Методија Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево“-Битола. мт/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Дали Мицкоски и Филков конечно ги пратија документите за екстрадиција на Груевски?

ВЛЕН: Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, архивата на ДУИ?

Хорор во кичевско: Мајка со мали деца нападната од кучиња