Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Никој не смее и нема право да биде насилен кон друг човек 

Спасовски: Вонредната состојба е можност за брзо и ефикасно спроведување на мерките за превенција и заштита

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски вечерва на својот Фејсбук статус го осуди насилството врз девојката од Штип и најави дека лично ќе се заложи сите владини институции најитно да постапат за девојката да биде веднаш заштитена, а насилниците да бидат што поскоро казнети.

– Во овие моменти, сите мора да покажеме свест и одговорност, и политичарите, и медиумите и граѓаните. Ги повикувам медиумите и граѓаните да не го споделуваат вознемирувачкото видео, за да ја почитуваат приватноста на девојката. Никој не смее и нема право да биде насилен кон друг човек. Добро е што институциите веднаш постапија и очекувам резултати од тоа постапување наскоро. Ги охрабрувам сите оние кои сведочат, или пак самите се жртви на насилство да пуштат глас и да пријават, за институциите да постапуваат. Никој не треба да живее во страв или тортура, тоа е основно човеково право и зад тоа секогаш ќе стојам и лично како човек а и како институција, напиша Спасовски. бак/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”