Утрински Весник
Македонија

МНР: Вратени уште 180 македонски граѓани со лет од Берлин и Бон

МНР: Досега организирано враќање на 1842 македонски граѓани, активностите продолжуваат

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Министерството за надворешни работи информира дека денеска беше организиран лет за репатријација на вкупно 180 македонски граѓани од Берлин и Келн/Бон.

Со ова, бројката на репатрирани македонски граѓани во организација на МНР, генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство заклучно со денеска, изнесува 2.200 граѓани, кои претходно се изјасниле дека прифаќаат задолжителен државен карантин и учество за плаќање на цената за авио билетот.

– На летот од Скопје за Берлин помогнавме и на 163 странски државјани од земјава да се упатат кон своите домови, стои во соопштението на МНР.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово/НАТО, Србија, Германија и Австрија за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности.

МНР во соопштението додава дека продолжува со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство. нд/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”