Утрински Весник
Македонија

Холандска поддршка за набавка на тестови за коронавирусот развиени од Меѓународната агенција за атомска енергија

Новозаболените лица во Прилеп се на 73 и 74-годишна возраст и се на Инфективното одделение во градската болница

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Холандија ќе даде поддршка за Северна Македонија преку набавка на тестови за коронавирус базирани на нуклеарна технологија кои се развиени од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Светската здравствена организација.

Како што соопштија од Холандската амбасада, се очекува тестовите да пристигнат во државата во наредните неколку дена. Тестовите се базираат на технологијата позната како реверзно транскрипциона полимеразна верижна реакција (real time RT-PCR), во моментов најсензитивната метода за детектирање на вирусот. МААЕ има опширно искуство во пренесувањето на знаење и на материјали. Технологијата користена за овие тестови е првично воспоставена за потребите на ветеринарниот сектор заедно со Организацијата за храна и земјоделство, а потоа доразвиена и искористена во рамките на справувањето со епидемиите на ЗИКА и ебола.

-Запирањето на пандемијата на коронавирус е од општ интерес за човештвото. Треба да работиме заеднички на глобално ниво за да ја ставиме под контрола , изјави холандскиот Министер за надворешни работи Стеф Блок.

Вкупната холандска поддршка за тестовите за коронавирус од МААЕ кои ќе бидат дистрибуирани во Северна Македонија, Украина и Мароко изнесува 500.000 евра, наведуваат од Амбасадата на Холандија. вг/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор