Утрински Весник
Македонија

Свети Николе ќе добие затоплена и климатизирана кино сала

Свети Николе ќе добие затоплена и климатизирана кино сала
Dik 300x250 mk

Штип, 2 април 2020 (МИА) – Граѓаните на Свети Николе конечно културните настани ќе можат да ги следат во затоплена или климатизирана кино сала. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека е почната постапката за решавање на овој долгодишен проблем.

 Добивме убава вест од Центарот за развој на Вардарски плански регион. Распишан е тендер за јавна набавка за реализација на проектот „Изведба на систем за греење и климатизација на кино сала со помошни простории“ при Домот на култура „Крсте Мисирков“ во Свети Николе, вели Велковски.

Вредноста на инвестицијата е 100.000 евра, а се обезбедени од Бирото за регионален развој. Сите понудувачи своите понуди можат да ги достават до 16.04.2020 година.

Со ова го решаваме конечно горчливиот проблем за затоплување на кино салата и нејзина климатизација и отвараме можност за нејзино користење во сите временски услови во текот на целата година, рече Велковски. вдј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Службено возило на „Македонски шуми“ пред штаб на политичка партија во валандовско Брајковци

Приведени девет лица, еве што најде полицијата кај нив

Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје