Утрински Весник
Македонија

Свети Николе ќе добие затоплена и климатизирана кино сала

Свети Николе ќе добие затоплена и климатизирана кино сала

Штип, 2 април 2020 (МИА) – Граѓаните на Свети Николе конечно културните настани ќе можат да ги следат во затоплена или климатизирана кино сала. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека е почната постапката за решавање на овој долгодишен проблем.

– Добивме убава вест од Центарот за развој на Вардарски плански регион. Распишан е тендер за јавна набавка за реализација на проектот „Изведба на систем за греење и климатизација на кино сала со помошни простории“ при Домот на култура „Крсте Мисирков“ во Свети Николе, вели Велковски.

Вредноста на инвестицијата е 100.000 евра, а се обезбедени од Бирото за регионален развој. Сите понудувачи своите понуди можат да ги достават до 16.04.2020 година.

–Со ова го решаваме конечно горчливиот проблем за затоплување на кино салата и нејзина климатизација и отвараме можност за нејзино користење во сите временски услови во текот на целата година, рече Велковски. вдј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Осуммина уапсени за милионски криминал со операции на очи: Оштетени до 4.000 пациенти, ФЗО за 1,7 милиони евра

Претрес во Валандово, пронајдена дрога, уапсени две лица

Бујар Османи од Париз: Европската перспектива на Северна Македонија и Охридскиот договор во фокусот на средбите во француските институции