Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Снежна покривка и минусни утрински температури

Снежна покривка и минусни утрински температури
300x250 opst2

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Првиот ден од април во осум часот изутрина во Дебар е со снежна покривка од 16 сантиметри, 15 на Попова Шапка, 14 во Крушево, 11 во  Маврово и Пожаране. Осум сантиметри снег има во  Лазарополе и Ѓуриште, седум во  Прилеп,шест во  Битола, пет во Тетово, четири во Тополчани, и по три во Скопје-Зајчев рид и Штип, а еден во Берово. Во Маврово се измерени минус осум степени, во лазарополе и во Крушево минус четири, минус два во Прилеп, минус 1 во  Крива Паланка, Тетово, Скопје-Зајчев Рид.

Уптравата за хидрометеоролошки работи најави дека времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег, а само во долниот тек на Повардарието ќе бидат од дожд и снег. На повеќе места количината на наврнет воден талог ќе биде над 25 л/м2, а најмногу врнежи ќе има во јужните делови. Снежна покривка ќе се формира речиси во целава земја, на пониските места и над 10 см, во Пелагонија околу 20 см, а на планините и повеќе. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од снег во текот на целиот ден и во вечерните часови, при што ќе се формира снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Доаѓа влажен бран во нашата Македонија, температурите повторно ќе паѓаат

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови