Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

ССМ: Нема намалување на платите во јавниот и приватниот сектор

СФДМ и ССМ: Итно да се избере  в.д главен државен ревизор
Img 7972

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) по објавувањето на вториот сет владини мерки излезе со соопштение во кое го поздравува ставот на Владата да нема намалување на платите на вработените во јавниот и приватниот сектор.

Во соопштението се наведува дека мерките биле усогласени на денешната седница на  Економско-социјалниот совет и оти конструктивниот социјален дијалог е главната алатка за да се сочува достоинството на работниците во овие спефицични моменти за државата.

– На седницата социјалните партнери заеднички констатираа дека главен приоритет, во овој специфичен период е здравјето и животот на работниците и граѓаните, но дека состојбата не смее засега да се дозволи да премине и во криза на пазарот на трудот и истата да биде надминувана на грбот на работниците. Конструктивниот социјален дијалог и можноста претставниците на работниците да ги изнесат своите предлози и решенија за оваа состојба е главна алатка во овие специфични моменти преку која сите заедно можеме да придонесеме за зачувување на достоинството на работниците, а истовремено и да помогнеме на Македонската економија, велат од ССМ.

Сојузот на синдикатите апелира до сите граѓани да се придржуваат до препораките на Министерството за здравстви и Владата за побрзо да се надмине состојбата со коронавирусот во земјава. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027

Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто

Направени првите трансакции преку СЕПА, за гувернерот ова е историски ден за државата