Утрински Весник
Македонија

Почна со работа Итната стоматолошка служба во Делчево и Македонска Каменица

Почна со работа Итната стоматолошка служба во Делчево и Македонска Каменица

Делчево, 31 март 2020 (МИА) –  Итна стоматолошка служба почна да функционира во Делчево и Македонска Каменица, а по препорака на Министерството за здравство. На територијата на двете општини, како што информираше директорката на делчевскиот Здравствен дом, д-р Марија Глигоровска, Итната стоматолошка служба ќе биде организирана со дежурства од матичните стоматолози.

-Пациентите се должни да се јават кај својот матичен стоматолог, кој ќе земе стоматолошка анамнеза и анкета и доколку утврди дека пациентот има потреба од итна стоматолошка интервенција го контактира и закажува пациентот кај матичниот стоматолог, истакна Глигоровска.

Според предвиденото, ќе бидат примени само итни случаи утврдени според посебна листа за итни случаи на самите стоматолози.

-Тука станува збор за силна постојана забоболка, акутна инфекција како оток, тешко отворање уста и зголемена телесна температура, поголеми крварења кои не сопираат подолг временски период, повреди во подрачје на заби, како и други повреди на горна или долна вилица и орална шуплина додаде Глигоровска

Распоредот за дежурните ординации веќе е истакнат на влезот на амбулантите во Делчево и Каменица. Во Делчево во рамки на Итната стоматолошка служба на располагање на граѓаните се вкупно 13 ординации, додека четири стоматолошки ординации ќе вршат дежурства во општина во Македонска Каменица. вс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош