Утрински Весник
Македонија

Манчевски: Во јавниот сектор во 2019 бројот на вработени е зголемен за 0,6 проценти во однос на 2018 година

Манчевски: Најчесто бараните документи се достапни електронски, да не се оди по шалтери

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Бројот на вработени во јавниот сектор за 2019 година изнесувал 132.900, распределени во 1.324 институции. Од нив 20.169 вработени во МВР, во Армијата, во Агенцијата за разузнавање, во Агенцијата за национална безбедност и во Управата са финансиска полиција. Преку агенциите за привремени вработувања во институциите од јавниот сектор работно биле ангажирани 3.222 лица и не влегуваат и вкупната бројка на вработени јавниот сектор.

За ова денеска информираше министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој рече дека извештајот го објавува согласно законската обврска. Тој појасни дека податоците од безбедносните служби неможат да бидат детално обработени поради безбедносни причини.

– Бројот на вработени во органите на државната власт во 2019 година изнесувал 16.522 лица, наспроти вкупната бројка, како што рековме 132.900. Тоа значи дека со статус на јавна администрација се овие 16.522 лица. Ова е со други зборови централната власт. Анализата на бројот на вработени во вкупниот јавен сектор по дејност покажува дека најголем процент се во дејноста, образование, односно 32 процента, здравство 18 проценти и во Управата каде што се 15 проценти, истакна Манчевски.

Министерот информираше дека бројот на вработени во јавниот сектор во 2019 година за разлика од 2018 е зголемен за 832 лица, односно за 0,6 проценти каде се зголемува бројот на висококвалификуван кадар.

– Поточно во однос на 2018 година зголемен е бројот на вработени со високо образование за 932 лица, за 229 магистри и за 23 доктори на науки. Најголемиот број на новите вработувања во 2019 година биле во дејноста здравство. На ниво на сите органи во состав на министерствата како основа на јавната администрација споредено со 2018 година вкупниот број на вработени е намален за 72 лица. Ова значи дека новите вработувања се прават согласно потребите на институциите по сектори каде што е најпотребно и се вработуваат лица кои се со високо образование и во служба на сите граѓани, истакна Манчецски.

Министерот информираше дека во акционерските друштва во целосна државна сопственост вкупно се вработени 8.800 лица, од кои 8.545 на неопределено време, 83 на определено и 182 преку агенциите за привремени вработувања, кој број е намален во однос на 2018 година. Овој број на вработени, појасни Манчевски, не влегува во анализите од јавниот сектор. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот