Утрински Весник
Македонија

Општина Чаир на приватните амбуланти им додели средства за дезинфекција

Општина Чаир на приватните амбуланти им додели средства за дезинфекција

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Службите на Општина Чаир во текот на денешниот ден доделија заштитни маски и средства за дезинфекција за 15 приватни амбуланти на територијата на оваа општина.

– Грижата за сигурноста на медицинскиот персонал кои се првата линија во борбата против вирусот Ковид-19 е еден од најголемите приоритети за кој наискрено се залагаме, информираат од прес-службата на Општина Чаир.

Оттаму посочуваат дека продолжуваат да се грижат за сигурноста на медицинскиот персонал и пациентите. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сериозен инцидент во Галичник: Загрозен резервоар со вода за пиење

Двајца кумановци на 75 и 76 години се степале – едниот тешко повреден

Демографијата го зема данокот: Се затвараат четири подрачни училишта во Делчево