Утрински Весник
Политички Партии

Нелоски: Градоначалниците во Скопје наместо да спијат или само да се сликаат, да се фатат за работа против коронавирусот

Нелоски: Градоначалниците во Скопје наместо да спијат или само да се сликаат, да се фатат за работа против коронавирусот

Скопје, 30 март 2020

Додека секаде низ светот сите нивоа на институции од централна до локална власт работат синхронизирано, кај нас единствено што се прави е прес конференции зборувајќи тоа што народот сака да слушне, сликање за социјални мрежи од канцеларии и не преземање ништо.

Заразата со корона вирусот која веќе однесе 6 животи, а најмногу е стационирана и се шири во Скопје, нема сама од себе да се уништи. Нема да ја уништат ниту прес конференциите со натажени лица, ниту пак сликите по социјалните мрежи од градоначалниците со срцепарателни посвети кои некој друг им ги напишал.

Корона вирусот во Скопје веќе достигна алармантно ниво на ширење, а локалните самоуправи на општините и Градот Скопје на чело со Петре Шилегов ги нема никаде, не преземајќи ништо.

Затоа, да не должиме многу, повторно би сакал да повторам и да предложам од оваа говорница мерки од ВМРО-ДПМНЕ кои треба да ги спроведе Градот Скопје.

Предлагаме:

1. Пунктови за дезинфекција на возилата на влезовите на Скопје и на повеќе локации низ градот, односно влезови во општините на Градот Скопје.

2. Фирмите кои функционираат на територијата на Градот Скопје да се ослободат од фирмарина за 2019 и 2020 година.

3. Да се замрзне плаќањето на закуп за летни тераси за сите локали во Скопје за летната сезона 2020.

4. Да се побара Владата да донесе уредба за намалување за 50% на данокот на имот за сите граѓани кои живеат на територијата на Градот Скопје.

5. Дезинфекција на секоја автобуска станица 3 пати во денот, а дополнително и автобусите да се дезинфицираат после завршување на секоја линија.

6. Да се ослободи од работа градската администрација, освен оние вработени кои се неопходни за функционирање.

7. Да се стопираат огласите за привремени вработувања како во Градот Скопје, така и во општините во Градот Скопје.

8. Да се постават диспанзери за средства за дезинфекција на повеќе локации низ градот, по можност на секој станбен влез.

9. Во соработка со невладиниот сектор да се постават подвижни чешми со сапун за да имаат можност и социјално загрозените граѓани да ги измијат рацете.

10. Да се достави барање до МТСП се со цел да се ослободат кујните во градинките за правење на оброци кои ќе се носат на луѓето кои што ќе се во самоизолација, тоа се повеќе од 1.400 граѓани.

11. Набавка на соодветна заштитна опрема за вработените во ЈП кои секојдневно се изложени на корона вирусот со  своите работни обврски.

12. Намалување на сметките за вода на граѓаните за 50% за месеците март, април и мај.

13. Дневно да се дезинфекцираат пазарите минимум 3-4 пати со посебен протокол на однесувањето на вработените во нив.

Почитувани,

Доколку Петре Шилегов сака реално да се смени ситуацијата на подобро во Градот Скопје, ќе мора да си ја остави суетата и самобендисаноста дома и да ги спроведе мерките.

Ова се мерки кои се креирани во консултација со стручни лица, советниците на ВМРО-ДПМНЕ, искуствата од другите метрополи, како и барањата на граѓаните.

Нам здравјето на граѓаните ни е најважно и токму затоа ги повикуваме и градоначалниците од другите општини во Градот Скопје, да преземат посериозни мерки за справување со корна вирусот.

Доволно беше прес конференции и сликање за социјални мрежи, време е градоначалниците на СДСМ да се фатат за работа.

Ние стоиме на располагање, предлагаме мерки и подаваме рака, и институциите се на потег.

Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт