Утрински Весник
Македонија

Во Кичево шест лица не го почитувале полицискиот час, тие се приведени

Во Кичево шест лица не го почитувале полицискиот час, тие се приведени

Кичево, 29 март 2020 (МИА) – Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид, каде спаѓа и општина Кичево е стабилна.

-Изминатово деноноќие, во периодот од седум часот вчера утрото до седум часот денеска, шест лица од Кичево не ја почитувале забраната за движење воведена поради коронавирусот . Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветни поднесоци , информира портпаролот Стефан Димоски, кој додаде дека нема регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби и други казнени дела и не се регистрирани сообраќајни незгоди.

Димиски информира дека непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација.

-Регистрирани се 16 нови лица со решенија за изолација, од кои пет се од Кичево. Полициските службеници извршија 83 контроли на лицата кои се во изолација, едно лице е во Кичево и 347 контроли на лица со изјави за самоизолација, во Кичево се 53 лица. Извршени се вкупно 149 контроли на угостителски објекти, информира Димоски.рз/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тренчевска: Откако Мицкоски се откажа од нов авион, парите да се наменат за минимална плата од 600 евра

Измамен 18-годишник од Демиркаписко, наместо работа, добил долг од 215 илјади денари

СДСМ: Со приказната за авионот Мицко ја расплака пола Македонија