Утрински Весник
Сцена

Хари и Меган Маркл се преселија во Лос Анџелес

Кралицата Елизабета забрани Хари и Меган да го користат кралскиот бренд

 

Лос Анџелес, 27 март 2020 (/) – Принцот Хари и неговата сопруга Меган ја напуштија Канада и се преселија во Лос Анџелес, САД, каде што планираат постојано живеалиште, откако за кусо време ќе се повлечат од кралските должности.

Како што пренесува „Сан“, тие двајца со приватен лет отишле во Лос Анџелес. Гласноговорникот на принц Хари одби да ги коментира тие написи.

Хари и Меган официјално ќе ги напушат кралските должности кон крајот на овој месец. Последниве неколку месеци, со синот Арчи, тие живееја на островот Ванкувер, Канада.

Весникот, повикувајќи се на „извори однатре“, пишува дека парот преселувањето во САД го планира веќе некое време. Принцот и сѐ уште – војвотката, сфаќајќи дека во Канада, од повеќе причини, нема да успеат, сакаат да бидат на подрачјето на Лос Анџелес, каде Меган пораснала и каде што живеее нејзината мајка Дорија.

Списанието „Пипл“, исто така повикувајќи се на неименуван извор, објави дека парот веќе се вселил во новиот дом и се во изолација како мерка против коронавирусот.

Истовремено, Дизни објави дека Меган е наратор во документарниот филм „Слон”, којшто ќе се прикажува од 3 април на платформата Дизни плус. Парите од филмот ќе одат во добротворни цели.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка